Целосно нов вид на ковид е можен оваа зима, соопшти Европската агенција за лекови

Агенцијата за лекови на Европската унија соопшти дека оваа зима може да се појави „целосно нова“ варијанта на ковид , но дека постоечките вакцини сепак треба да ги заштитат луѓето од сериозни болести.

Претставници на Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска изјавија дека организацијата се подготвува да започне кампања за вакцинација пред очекуваниот нов бран на случаи на коронавирус. Шефот за вакцини на ЕМА, Марко Кавалери, на прес-конференција рече дека луѓето „не треба да чекаат конкретна вакцина“.

„Можеби ќе се појави сосема нова варијанта што не можеме да ја предвидиме денес“, изјави тој.

ЕМА на 31 август одобри вакцини на Фајзер/ Биотек и Модерна кои се дизајнирани да се борат со постарата омикронска подваријанта БА. 1.

Вакцината развиена од Фајзер која ги таргетира сега доминантните соеви се очекува да биде одобрена во следните неколку недели.

Во изминатите три дена регистрирани 389 случаи на ковид-19 и четворица починати

Новите вакцини прилагодени на омикрон главно ќе бидат резервирани како засилувачи за постарите, ранливите, бремените жени и здравствените работници, рече Кавалери.

Повеќето луѓе сепак ќе ги добијат оригиналните вакцини дизајнирани да се справат со оригиналниот вид на коронавирус.

„Оригиналните вакцини сè уште можат да заштитат од тешка болест и смрт ковид-19“, дури и ако не се толку ефикасни во спречувањето на поблаги инфекции, рече тој.