Ковид пандемијата за 15 отсто ги зголеми невролошките проблеми кај децата. Потребна е нова ера за будно следење на детскиот развој уште при формирањето на нервниот систем, вели Аспазија Софијанова, директорка на Универзитетската клиника за детски болести и претседателка на Здружението на педијатри на Македонија. Таа на денешниот симпозиум во Прилеп изјави дека поради тоа ќе се прави реогранизација на детската клиника.
„Децата најмногу невролошки изрезгираа. Делот поврзан со централниот нервен систем, за среќа, не направи да имаме лош исход кај ниедно дете досега. Но, сме гледале ситуации во кои ковидот со своите антитела кои ги создаваше направи енормна различност отколку кај возрасните, дури и не знаевме за некои, но знаеше да направи транзиторни ситуации со дезориентираност и тоа укажа дека треба сѐ уште да сме внимателни“, изјави Софијанова.
Пациентите со постковид симптоми ги наполнија болниците
Таа најави дека реорганизацијате на универзитетската клиника за детски болести ќе биде со особен акцент на невролошкото одделение и на децата кои имаат проблеми во развојниот дел, особено во спектарот на аутизам.
Симпозиумот на македонските педијатри и специјалистите од Балканот за епилептични состојби, прв од ваков вид, укажува на потреба за заедничко решавање на невролошките проблеми кај децата.
Учетствуваат педијатри од 11 општи и клинички болници од земјава, од Клиниката за детски болести и специјалисти од Словенија и од Хрватска.