Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ја предупреди Европската унија дека Москва би можела да го запре протокот на природен гас во блокот доколку воведе ограничување на цената на руските испораки како што побара шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Фон дер Лајен денеска повика на ограничување на цената на рускиот гас поради манипулирање на Москва со енергетскиот пазар на ЕУ како одмазда за санкциите предизвикани од инвазијата на Кремљ на Украина кон крајот на февруари.
Како одговор, Медведев, кој зазеде строг став кон земјите кои воведоа санкции кон Русија поради инвазијата, рече дека ограничувањето ќе предизвика одговор и „едноставно нема да има руски гас во Европа“.
Прекин на снабдувањето со гас преку Северен тек 1
Ваквите изјави доаѓаат на два дена откако Русија го прекина снабдувањето со гас преку гасоводот „Северен тек“ до Германија преку Балтичкото Море за закажаната тридневна програма за одржување.
Таквото однесување, односно запирањето на снабдувањето ги поттикна стравувањата дека Русија ќе го држи гасоводот офлајн подолг период за да изврши притисок врз Западот со цел да го наруши нивното единство во санкционирањето на Москва за нејзината инвазија врз Украина.
Шолц: Германија е во многу подобра позиција да и се спротивстави на Русија во врска со гасот
Кремљ постојано негираше дека користи енергетски резерви како оружје. Минатиот месец гасоводот беше затворен за 10 дена поради „одржување“, но новото запирање на испораките беше објавено на помалку од две недели однапред. Тоа го спроведе рускиот енергетски гигант Газпром, а не операторот на Северен тек.
Москва го намали снабдувањето преку гасоводот на 40 отсто од капацитетот во јуни, а на 20 отсто во јули, тврдејќи дека проблемите со одржувањето и санкциите го спречуваат враќањето и инсталирањето на опремата.
Прекинот и намалувањето на снабдувањето ги зголемија цените на бензинот и ги принудија европските влади да се борат за алтернативни испораки пред зимата.