Руски инспектори и го одзедоа пасошот на поранешната колумнистка Марина Јудкевич на онлајн-проектот на Радио Слободна Европа кој ги покрива вестите и случувањата во руските области долж реките Волга и Урал. Со овој потег таа беше спречена да патува во Израел каде што прима редовна терапија за лекување од рак.
Таа на својот фејсбук профил напиша дека по полицискиот претрес во нејзиниот дом, и во домовите на 6 други новинари во главниот град на руската република Татарстан, Казањ, сега се водат како сведоци во постапката. Истрагата се однесува на „екстремизам“ поради пост напишан поради руската инвазија врз Украина.
Продолжуваат тешките борби во близина на нуклеарката Запорожје
Таа наведе дека руските инспектори на неа и нејзините колеги им наредиле да не го напуштат градот, при што им се одземени пасочите, компјутероте, телефоните и други електронски уреди кои ги поседуваат.
„Јас гледам две варијанти за мојата иднина. Или ќе сум оптоварена со рак во притвор, а подоцна во казнена колонија, или, ако сум малку оптимист, ми е дозволено да умрам дома“, напиша Јудкевич, додавајќи дека истражителите најверојатно ќе го променат нејзиниот статус на сведок во статус на осомничена.
Јудкевич, исто така, напиша дека имала термин во клиника во Ерусалим на 24 август, кој била принудена да го прескокне бидејќи не можела да патува во странство без нејзиниот пасош, кој инспекторите одбиле да го вратат.
Претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Џејми Флај, ги осуди претресите во домовите на новинарите.
Шефот на МААЕ: Нарушен е физичкиот интегритет на нуклеарната централа во Запорожје
Претседателот Владимир Путин во март потпиша закон со кој се повикува на одредување високи затворски казни за објавување „намерно лажни информации“ за руските воени операции додека Кремљ се обидува да го контролира наративот за неговата војна во Украина.
Законот предвидува казни до 10 години затвор за лица осудени за прекршок, додека казната за дистрибуција на „намерно лажни информации“ за руската армија што доведува до „сериозни последици“ е 15 години затвор.