Сојузот на синдикатите на Македонија поднесе тужба против Владата на Република Северна Македонија поради дискриминација на вработените во јавниот сектор. Причината за тужбата е неусогласенотс во целост на мининалната плата како што налага законот.
Платите на другите вработени кои имаат плата под минималната, за дел вработени се усогласени со порастот на минималната плата, а без оправдани причини и спротивно на закон, се посочува во соопштението, Владата не го направи тоа за сите вработени во јавниот сектор односно паушално и без критериуми платите некаде не се зголемуват воопшто, а некаде се зголемуваат за одредени категории на вработени наспроти други категории на вработени во јавниот сектор за кои Владата е непосреден работодавач.
Првиот синдикалец најави радикализирање од септември ако нема покачување на платите
„Постапувајќи на овој начин Владата го наруши принципот на еднаквост на граѓаните и работниците кој е уреден во член 9 од Уставот на Република Северна Македонија во однос на остварување на нивните права и обврски кои произлегуваат од работниот однос. Токму почитувањето на принципот на еднаквост и недискриминација при остварување на работничките права како најзначаен дел од граѓанските права претставуваат показател дали една држава е демократски ориентирана и искажува еднаква грижа без дискриминација кон сите свои граѓани и работници“, се вели во соопштението на ССМ.
Генерален штрајк во јавниот сектор за повисоки плати, нема решение за продуктивноста
Неусогласувањето на колективните договори со Законот за минимална плата, односно одбивањето на Владата да се вклучи во суштествен социјален дијалог за зголемување на останатите плати пропорционално со зголемувањето на минималната плата, е причина и за генерален штрајк во цел јавен сектор, велат од ССМ.