ФБИ врши претрес на имотот на рускиот тајкун Векселберг во САД

рускиот тајкун Виктор Векселберг, архивска фотографија

Американските федерални агенти вршат претрес на неколку имоти поврзани со рускиот олигарх Виктор Векселберг, чија суперјахта беше запленета во Шпанија на почетокот на оваа година на барање на САД.

ФБИ во денешното соопштение до јавноста посочи дека до сега е извршено претрес во висококатница во Парк Авенија во Њујорк, имот во Саутемптон, Њујорк и имот на Мајами, Флорида.

Во јавноста е посочено дека 65-годишниот Векселберг, милијардер со врски со руската рударска индустрија е познат како близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин. До сега нема коментар ниту од Векселберг, ниту од неговите претставници за извршените претреси.

Уште еден руски тајкун почина под чудни околности по руската инвазија врз Украина

Во април, шпанската полиција заплени суперјахта вредна околу 120 милиони долари што му припаѓаше на Векселберг по барање од Соединетите држави, во кое се тврди дека бродот ги прекршува американските банкарски измами, перење пари и статутите за санкции.

Векселберг првпат беше санкциониран од Министерството за финансии на САД во април 2018 година. Повеќе санкции беа додадени на 12 март оваа година по почетокот на тековната неиспровоцирана инвазија на Русија на Украина.
Тоа беше една од неколкуте суперјахти поврзани со руски милијардер што беа запленети како дел од напорите на Европа да изврши притисок врз рускиот претседател Путин да се повлече од Украина.