Услов бугарската влада да поддржи отворање и затворање на поглавјата со Европската Унија е Северна Македонија во целост да ги исполни одредбите од Договорот од 2017 година, во кој многу важен дел се историските прашања, изјави новиот бугарскиот амбасадор во Вашингтон Георги Панајотов во интервју за Гласот на Америка. Амбасадорот изјавил дека Мешовитата комисија составена од македонски и бугарски историчари ќе мора да ги реши сите периоди од заедничката историја пред Северна Македонија да влезе во Европската Унија. Панајотов додал и дека штом ќе се реши историското прашање, проблемот со јазикот нема да може да го наруши односот меѓу двете држави.
Може ли да се шегуваш со бугарштината? Приказна за една игра и границите на хуморот
Според него, малите промени во францускиот предлог не ја смениле суштината на бугарските барања, и оти ако тоа било случај, Бугарија немала да го тргне ветото. Бугарскиот амбасадор, меѓу другото, истакнал и за санкционирање на говорот на омраза, како и за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка, велејќи: Како е можно браќата Манаки да се слават како херои во сегашната Северна Македонија додека тие одиграа клучна улога во регистрацијата на битолските Евреи кои требаше да бидат депортирани?