Ковачевски: Отворен Балкан се покажа како неопходен

самит на Отворен Балкан, 02.09.2022.

Денес е повеќе од јасно дека Република Северна Македонија, Албанија и Србија со инцијативата Отворен Балкан го направија вистинскиот чекор во клучен момент. Се зближивме за да ја унапредиме регионалната соработка на патот кон ЕУ. Заедно со конкретни чекори се посветивме на олеснување на слободното движење на луѓе, стоки, трговија и услуги и ги градевме добрососедските односи, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на лидерскиот Самит Отворен Балкан во Белград.

Ковачевски од саемот во Белград: Отворен Балкан покажува што значи интеграција и олеснет пристап

Тој во своето обраќање нагласи дека оваа соработка, денес, отвори пат заеднички да се справиме со предизвиците за обезбедување храна и енергенси, во услови на напорите на сите држави во светот за справување со последиците од војната во Украина и пандемијата. „Со договорите кои ќе ги потпишеме денеска, ќе се обврземе за достапност на храна до нашите граѓани, прво меѓусебе да си помогнеме секаде каде е потребно. Добро е што на овој Самит одоговараме за можностите за соработка и во областа на енергетиката, рече Ковачевски. Српскиот претседател Александар Вучиќ пак изјави дека успехот на „Отворениот Балкан“ зависи од економската иднина на членовите на таа иницијатива, како и од тоа колку мирот и стабилноста ќе се зајакнат во регион.

Македонското вино тема на муабет меѓу премиерот Ковачевски и тенискиот ас Ѓоковиќ

Со самитот претседаваат премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Димитар Ковачевски, и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, министерот за надворешни работи на Унгарија, Присутни се и Петер Сијарто и неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.