Абазовиќ: можно е Русија да стои зад хакерските напади, но немаме потврда

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека нема официјална потврда, ниту пак меѓународните партнери можеле да потврдат или негираат дека Русија стои зад хакерските напади врз владината ИТ инфраструктура, како што наведе Министерството за одбрана и Агенцијата за национална безбедност. „Рано е да се зборува за тоа. Оваа организација делува како уцена, досега не побарала откуп, ќе видиме дали ќе има такви барања, но тие се однесуваат како криминална организација. Не би ја исклучил можност да имаат врски со Русија, затоа што сакам сериозно да пристапиме кон ова, но сметам дека се неодговорни изјави дека ова има врска со Русија. Затоа што ако го земеме во контекст дека Црна Гора е членка на НАТО, бидејќи нападот за Црна Гора не е само напад врз нас, мислам дека тоа ни создаде проблем“, рече тој во интервју за „Вијести“.

Експерти на ФБИ ќе го испитуваат масовниот кибер напад во Црна Гора

Како што додаде, методологијата на нападот можеби е слична, но разликата помеѓу тоа што изгледа како напад на ГРУ и тоа што навистина е нивен напад - е навистина голема. Тој во интервју за „Вијести“ вели дека тврдењата на политичарите оти Русија стои зад нападот се политички мотивирани. Тој додаде дека никого не обвинува и оти очекува тоа да се истражи до крај.