Денеска во рамките на иницијативата Отворен Балкан, што втор ден се одржува во Белград ќе се одржи лидерски самит на претседателот Република Србија Александар Вучиќ и на премиерите на Република Северна Македонија и на Албанија Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и Македонска вечер, чиј домаќин е македонскиот премиер. Во Палата Србија ќе се одржи политичкиот дел од Самитот Отворен Балкан, по кој српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот и албанскиот премиер Еди Рама ќе одржат прес-конференција. На самитот ќе присуствуваат и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, Петер Сијарто и Мевлут Чавушоглу.
Ковачевски од саемот во Белград: Отворен Балкан покажува што значи интеграција и олеснет пристап
Самитот ќе започне со пленарен состанок на министрите за надворешни работи на Србија и Албанија и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Предвидени се состаноци на лидерите со Инвестициската иницијатива на ОБ, поддржана од Атлантскиот совет, состанок на групата за менаџирање на кризи за храна и енергетика и потпишување на повеќе билатерални документи и меморандуми. Вечер, на 2 септември, премиерот Димитар Ковачевски пред претставници на бизнис заедниците и владите од Србија, Албанија и Северна Македонија ќе приреди Македонска вечер, на која ќе се промовираат македонски вина, храна, музика и туризам, а за музичкиот дел е задолжен виртуозот Влатко Стефановски. Како што дознава МИА на самитот се очекува денес да дојде и поранешниот премиер Зоран Заев, еден од иницијаторите на создавањето на Отворен Балкан.
Македонското вино тема на муабет меѓу премиерот Ковачевски и тенискиот ас Ѓоковиќ
Вчера на Белградскиот саем, во рамки на Иницијативата Отворен Балкан, Србија, Северна Македонија и Албанија во Белград го отворија Првиот меѓународен саем за вино Винска визија на Отворен Балкан. На Белградскиот саем присуствуваат над 350 излагачи од 39 земји од кои 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, додека 47 излагачи се од Северна Македонија