Завршија ограничувањата за снабдување со електрична енергија на потрошувачите од Косово, поради влегувањето во производство на два блока на Косовската термоелектрана. Пред неколку недели поради влошување на состојбата со снабдувањето со електрична енергија во сите општини и населени места во Косово, во сила беше двочасовен прекин на електричната енергија. Како што соопштија од Косовската електроенергетска корпорација (КЕК) и од Косовското претпријатие за снабдување со електрична енергија (КЕСКО), без разлика што во моментов Косово има доволно струја за да ги исполни своите обврски кон потрошувачите, неопходно е да се заштеди електрична енергија.
Од денеска рестрикции на струјата во Косово
„Затоа апелираме до потрошувачите да се придружат на нашиот повик за заштеда на енергија, бидејќи секој киловат е важен за заштеда со оглед на енергетската криза која го зафати целиот свет. Континуирано ќе ви даваме практични упатства како да заштедите електрична енергија и рационално да ја користите“, се вели во соопштението на КЕСКО.