Времето денеска: променливо облачно и нестабилно

Променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Дневната температура ќе опадне за 5 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Дневната температура ќе се движи од 19 до 28 степени. Во Скопје и околината слично време, со температура до 25 степени.