Лукоил, најголемата руска приватна нафтена компанија и една од ретките што изрази противење на војната на Кремљ во Украина, соопшти дека нејзиниот претседател починал по „сериозна болест“, оспорувајќи ги извештаите на локалните медиуми дека тој паднал од прозорецот на болницата.
Државната новинска агенција ТАСС цитираше неименуван полициски извор дека Равил Маганов (67) извршил самоубиство скокајќи од прозорец на шестиот кат откако бил примен во болница поради срцев удар.
Новинската страница РБК, исто така, соопшти дека полицијата ја истражува можноста за самоубиство.
Маганов работеше за Лукоил од раните 1990-ти и важеше за лице кое е лојално на Кремљ.
Сепак, Лукоил во март, само неколку недели откако Русија ја нападна Украина, беше една од ретките компании што ја осуди војната, нарекувајќи ја „трагична“ додека повика на „најбрз [можен] крај на вооружениот конфликт“.
Во мај, руските медиуми објавија дека поранешниот врвен менаџер на Лукоил, Александар Суботин, бил пронајден мртов во подрум во куќа во град во близина на Москва.