Украинските власти денеска ја обвинија Русија дека извршила артилериски напади врз Енергодар, градот во кој се наоѓа нуклеарната централа Запорожје, на ден кога мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) би требало да стигне таму. „Русите вршат артилериски напади на рутата по која мора да оди мисијата на МААЕ до електраната Запорожје“, која беше окупирана од Русите, изјави на Телеграм градоначалникот на овој град во егзил Дмитро Орлов. Тој рече дека делегацијата не може „да го продолжи патувањето од безбедносни причини“. Операторот Енергоатом денеска соопшти дека поради руското гранатирање еден од двата оперативни реактора во комплексот на централата.
Инспекторите на МААЕ пристигнаа во нуклеарната централа Запорожје
„Како резултат на уште едно минофрлачко гранатирање од страна на руските сили на местото на нуклеарната централа Запорожје, беше активирана заштитата за итни случаи и беше исклучена оперативната петта енергетска единица“, напиша Енергоатом на апликацијата за пораки Телеграм. Енергоатом додаде дека „енергетскиот блок бр. 6 продолжува да работи во енергетскиот систем на Украина“ и снабдува електрична енергија за потребите на електраната. Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, во меѓувреме соопшти дека мисијата во Запорожје продолжува и покрај извештаите за бомбардирање.