Христов: Бугарија води интензивни преговори со „Газпром“

Бугарскиот преоден министер за енергетика Росен Христов

Бугарскиот преоден министер за енергетика Росен Христов за БНТ изјави дека неговата земја ги почнала преговорите со „Газпром“ и се обидува да постигне позитивен исход од преговорите и продолжување на испораките под услови поволни за неа. Христов изјави дека клаузулите од договорот се доверливи, како и сите преговори и размена на информации. Тој информира дека се водат исклучително интензивни разговори и се надева дека наскоро ќе има позитивен резултат. „Во моментов не зборуваме само за снабдување со гас, туку и за рокови за плаќање во рамките на ограничувањата наметнати од ЕУ“, рече Христов. Поранешниот премиер на Бугарија Кирил Петков го нарече „Газпром“ небезбеден снабдувач со гас, бидејќи на крајот на зимата нагло и без предупредување ги прекина испораките за Бугарија.

Дали со привремената влада Бугарија ќе се врати во руската орбита?

Тој додаде дека Бугарија имала обезбедени слотови за испорака на американски течен гас од октомври до декември, па, за него, е неразбирливо зошто шесте бродови со течен гас од САД биле одбиени од привремената влада на Галаб Донев. Во Софија имаше протести на граѓаните кои не сакаат Бугарија да склучи нов договор со „Газпром“. Учесници во нив протестираа против бугарскиот претседател Румен Радев и рускиот претседател Владимир Путин и нивната зависност од Русија. Демонстрантите побараа смена на министерот за енергетика Росен Христов.