Високиот комесар на ОН за човекови права во заминување, Мишел Бачелет, го обвини Пекинг за „сериозно кршење на човековите права“ и можни „злосторства против човештвото“ во западниот регион каде кинеското раководство е обвинето за масовни приведувања и друго малтретирање на Ујгурите и другите малцинства. Извештајот на Бачелет сугерира дека дискриминаторското приведување на муслиманските групи во провинцијата Ксинџијанг може да претставува злосторство против човештвото и ја повика Кина да „преземе брзи чекори“ за ослободување на сите тие затвореници од таканаречените центри за обука, затвори или установи за притвор.
ОН: Кина користи принудна работа и „ропство“ во Ксинџијанг
Третманот на кинеските функционери кон Ујгурите и другите малцинства во провинцијата Ксинџијанг, каде што повеќе од 1 милион Ујгури беше означен како геноцид од страна на САД и остро осуден од десетици други земји. 31 август беше последниот ден на работа на Бачелет и таа пред неколку месеци вети дека ќе ги објави заклучоците од нејзиното патување во регионот Ксинџијанг во мај. Кинескиот амбасадор Џанг Џун предупреди дека Пекинг не го видел извештајот, но дека е „цврсто против“објавувањето на документот и дека „многу јасно“ ѝ го кажал своето противење на Бачелет.