Уставниот суд денеска треба да одржи седница на која ќе биде разгледана иницијативата поднесена на член од Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Подносител на иницијативата, како што информираат од Уставен, е Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска, кое смета дека Републиката има воспоставено монопол на електронски и интернет игри на среќа, односно исклучиво право за организирање електронски игри на среќа и интернет игри на среќа. Според наводите во иницијативата со вака пропишаната законска одредба, Републиката ги оневозможува приредувачите на игри на среќа да се стекнат со право да организираат електронски и интернет игри на среќа, а што е спротивно на член 55 од Уставот со кој се предвидува дека слободниот пазар и претприемништвото можат да бидат ограничени со закон само за одбрана на Републиката, природата, животната средина и здравјето на луѓето, а спротивно и на основниот принцип според кој се забрануваат монополи.
Уставен - На изградба на автопатите работниците нема да работат по 60 часа неделно
Пред судиите ќе се најде и иницијативата за Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест ковид-19, случаите и временскиот период на нивна примена, поднесена од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија. Според наводите во иницијативата оспорената Одлука е во спротивност со Законот за заштита на деца и со Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на децата.
Џафери повика да се одблокира изборот на уставни судии
Во иницијативата се наведува дека Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца, пропишува дека воспитните групи за деца до две годишна возраст имаат максимум до 15 деца и двајца вработени во смена, а Воспитните групи за деца од две до десет годишна возраст да имаат максимум до 25 деца и двaјца вработени во смена, што било во спротивност со членот 64 од Законот за заштита на деца и членот 27 од горенаведениот колективен договор.