Од денеска до 4 септември во Белград во рамки на Иницијативата Отворен Балкан, Србија, Северна Македонија и Албанија ќе го одржат Првиот меѓународен саем за вино Винска визија на Отворен Балкан, лидерски самит на претседателот Александар Вучиќ, премиерите Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и македонска вечер чиј домаќин е македонскиот премиер Димитар Ковачевски. На Самитот ќе присуствуваат и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, Петер Сијарто и Мевлут Чавушоглу. Саемот се одржува под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија, а отворањето од тројцата лидери ќе биде денеска во 13 часот на Белградскиот саем.
Северна Македонија, Србија и Албанија создаваат механизми за взаемна помош
На Белградскиот саем се очекува да присуствуваат над 332 излагачи од 22 земји од кои 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, додека 47 излагачи ќе дојдат од Северна Македонија. Покрај земјите-членки на Отворениот Балкан, се очекуваат изложувачи и од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Франција, Чиле, Аргентина, Италија, Романија, Молдавија, Јужна Африка и други земји. Со оглед дека и храната ќе биде во фокусот, како вид традиција, ќе има по пет мастер шефови од Северна Македонија, од Србија и од Албанија, како и специјален гостин изненадување. На манифестацијата ќе има купувачи од ЕУ, САД, Кина и други земји од Истокот. Вкупно 300 метри квадратни, се резервирани за туризмот. Северна Македонија под слоганот „Вкуси го животот“ на Саемот ќе учествува со 42 винарии и три дестилерии кои ќе промовираат преку 300 различни вина и ракии, како и производители на храна кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна.
Отворен Балкан не ги намали гужвите и чекањата на границите
На 2 септември во Палата Србија ќе се одржи политичкиот дел од Самитот Отврен Балкан. На него ќе присуствуваат и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, Петер Сијарто и Мевлут Чавушоглу. Вечерта на 2 септември премиерот Димитар Ковачевски пред претставници на бизнис заедниците и владите од Србија, Албанија и Македонија ќе приреди Македонска вечер, на која ќе се промовираат македонски вина, храна, музика и туризам, а за музичкиот дел е задолжен Влатко Стефановски.