Времето денеска: претпладне сончево, попладне на места нестабилно

Прeтпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Дневната температура ќе се движи од 24 до 32 степена. Во Скопје и околината слично време, со температура до 30 степени.