Тим од сајбер експерти на ФБИ се упатува кон Црна Гора за да го истражи масовниот и координиран напад врз врногорската Влада и нејзините служби.
На 26 август, висок извор од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) изјави дека „критичната државна инфраструктура“ била цел на сајбер напад во раните утрински часови на 26 август и дека руските безбедносни служби се осомничени за вмешаност.
Изворот на АНБ, кој побара анонимност поради чувствителноста на прашањето, го опиша сајбер нападот како „невиден“ по обем и рече дека бил подготвуван во долг временски период.
Руските државни безбедносни тела беа обвинети за вмешаност во бројни хакери и сајбер напади насочени кон западните влади и бизниси во последниве години.
Експертите предупредија за зголемени опасности од ваквите напади по руската неиспровоцирана инвазија на Украина во февруари, што ги наведе западните земји да воведат казнени санкции против Москва. Русија негираше каква било вмешаност во сајбер нападите.