Талибанците ја прославуваат годишнината од повлекувањето на странските сили

Авганистан

Талибанците денеска ја одбележаа првата годишнина од повлекувањето на трупите предводени од САД од Авганистан со победнички скандирања и воена парада на која беше прикажана опремата што ја оставија зад себе американските сили. Настанот се одржа во воздухопловната база Баграм, северно од Кабул, која до повлекувањето беше под контрола на американските сили две децении. Базата била користена за планирање воени операции против талибанците. Овој ден е прогласен за национален празник во Авганистан. Тврдокорната милиција која дојде на власт пред една година не е призната од ниту една земја.

Амнести ги обвини Иран и Турција дека пукале во Авганистанци кои се обидуваат да мигрираат

Нејзиното владеење е обележано со кршење на човековите права, особено со репресија врз жените. Говорејќи на настанот, талибанскиот премиер Мула Хасан Ахунд рече дека тие се бореле 20 години за тој ден. Сепак, тој призна дека економијата на земјата е парализирана поради санкциите. Последниот американски војник го напушти меѓународниот аеродром во Кабул на 30 август 2021 година, завршувајќи ја ненадејната и хаотична евакуација.