Седницата на бугарската Влада почна со протест за запирање на преговорите со „Газпром“

протест против Гаспром во Бугарија, Софија

Со протест за запирање на преговорите со „Газпром“ за обнова на набавките на руски гас во Бугарија денеска почна седницата на преодната влада на премиерот Галаб Донев. Демонстрантите побараа владата во Софија итно да го разреши министерот за енергетика, како и да донесе одлука за прекин на какви било преговори со руската компанија „Газпром“.

Блокада пред зградата на бугарската влада поради преговорите со Гаспром

Воедно, пред почетокот на владината седница, преодниот премиер Гулаб Донев изјави дека нивна примарна задача е да ги решаваат проблемите на бугарските граѓани, а не на оние кои ги создале. „Според Уставот наша должност е да организираме фер и слободни избори и тоа е тоа што ние го правиме“, изјави Донев. Според него, имало фактори поради кои преодната влада на Бугарија била перципирана како противник во изборната кампања во земјата.