Прекин на снабдувањето со гас преку Северен тек 1

прекинува испораката на руски гас преку гасоводот Северен тек 1

Од денеска до 2 септември прекинува испораката на руски гас преку гасоводот Северен тек 1 поради, како што е соопштено од Москва, „одржување“. Пред прекинот, германскиот канцелар Олаф Шолц чија земја силно зависна од рускиот гас и бележи силен пад на испораките од почетокот на војната во Украина на 24 февруари изјави дека Германија сега е „во многу подобра позиција“ да се соочи со „заканите“ од Русија. „Сите мерки што Германија ги презеде за да го гарантира своето снабдување „придонесоа денес да бидеме во многу подобра ситуација отколку што се предвидуваше пред неколку месеци“, изјави Шолц, додавајќи: „Сега можеме да се справиме со заканите со кои се соочуваме од Русија која го користи гасот како стратегија во војната против Украина“.

Блокада пред зградата на бугарската влада поради преговорите со Гаспром

Претходно и Франција ја обвини Москва дека ги користи енергетските испораки како „воено оружје“. Европските влади се обидуваат да најдат одговор на зголемените трошоци за енергија за бизнисите и домаќинствата и да најдат алтернативи за руското снабдување за зимување. Западните земји стравуваат дека Москва ги зголемува цените на бензинот за да се обиде да ја ослабне нивната решителност во спротивставувањето на нејзината инвазија на Украина, тактика што украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот ја нарече економски тероризам. Москва негира дека го прави тоа.