Германскиот пратеник Михаел Рот утре во посета на Скопје

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот утре ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.

Како што стои на веб страницата на Собранието, Рот утре ќе има средба со претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски.

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство

Засега има потврда и за средба на германскиот пратеник со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Рот, пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.