Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека не гледа начин проблемот со приштинските регистарски таблички да се реши пред 1 септември и изрази уверување дека Косово сигурно ќе започне кампања за промена на табличките за Србите. „Мислам дека нема да имаат голем успех во тоа. Иако косовскиот премиер Албин Курти во Брисел рече дека ќе бидат успешни и дека Србите ќе бидат заинтересирани да ги заменат регистарските таблички. Ќе видиме, тоа е процес што ќе трае. Нема шанси тоа да се реши пред 1 септември“, рече тој, наведувајќи дека останува да се види дали ќе има промени по самитот на балканските земји и посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и некои други европски претставници, но дека му се чини дека во моментов нема можност на напредокот.
Борел за РСЕ: Оптимист сум за договор меѓу Србија и Косово за регистарските таблички
Тој додаде дека Србија е секогаш на страната на меѓународното право во сите случаи и меѓународни спорови и дека единствената официјална политика на Белград е почитување на Повелбата на ОН и сите меѓународни резолуции.