Стејт департмент: Договорот меѓу Косово и Србија е чекор кон нормализација на односите

Соединетите држави го поддржуваат договорот за влезно-излезните документи меѓу Косово и Србија и го гледаат како важен чекор напред кон нормализација на односите засновани на меѓусебно признавање, соопшти Стејт департментот во врска со постигнатиот договор од двете страни. „Договорот за влезно-излезните документи е пример за ефективна примена на дијалогот за решавање на спорови и напредок. Дијалогот за Србија и Косово е механизам чија цел е да се постигне сеопфатен договор за нормализација на односите. Постигнувањето решение преку дијалог е од клучно значење за двете земји на нивниот пат кон европската интеграција“, се наведува во одговорот на портпаролот на Стејт департментот.

Курти им се заблагодари на Борел, Лајчак и Ескобар

Посочено е дека во дијалогот, со посредство на Европската унија, Србија се согласи да ги укине влезно-излезните документи за имателите на косовски документи, додека, од друга страна, Косово се согласи да не воведува документи за влез-излез за граѓаните со српски документи.

Вучиќ - Во Србија се води војна меѓу Истокот и Западот преку посредници

„Врз основа на посветеноста на двете страни и напорната работа на специјалниот пратеник на Европската унија, ги охрабруваме Србија и Косово да се ангажираат повеќе и во мир да тргнат напред“, се наведува од Стејт департментот.