Амбасадорот на САД во Босна и Херцеговина Мајкл Марфи изјави дека посветеноста на Вашингтон кон таа држава е „трајна“ и дека заедно со своите европски сојузници е посветена на „територијалниот интегритет, суверенитет и безбедност и мултиетничкиот карактер на Босна“. Во интервју за РСЕ, амбасадорот Мајкл Марфи ја обвини Русија дека бара нестабилност во регионот, но рече дека неодамнешното засилување на мировниците на ЕУ е показател за трансатлантската решителност. „Мислам дека видовте одговор од Соединетите држави и Европејците, и тој треба да сигнализира дека нема да и ја оставиме Босна и Херцеговина на Русија“, рече Марфи.
Германија, ЕУ и НАТО нема да дозволат безбедносен вакуум во БиХ
Претходно овој месец, Германија распореди околу 30 свои војници во европската мировна мисија ЕУФОР која обезбедува ред и почитување на 26-годишниот мировен договор што ја организира земјата по етничка линија, со висок претставник за меѓународната заедница кој има голема моќ. Меѓународниот одговор на руската војна во Украина ги тестираше владите на земјите аспиранти за членство во ЕУ, како Босна и Србија, и нивната подготвеност да се приклучат на западните санкции и други мерки за казнување на руската агресија, како и за забрзување на реформите насочени кон компатибилност со западните институции.