Блокада пред зградата на бугарската влада поради преговорите со Гаспром

од протестот поради обновените преговори на преодната влада на Бугарија со руската енергетска компанија Газпром

Граѓанското здружение Боец започна пред зградата на бугарската влада протест поради обновените преговори на преодната влада на Бугарија со руската енергетска компанија Газпром. Тие почнале да подигаат шатори во центарот на Софија во пресрет на редовниот состанок на бугарската влада, кој е секој четврток. Зградата на бугарската влада е опколена со полициски кордон. Демонстрантите извикуваа „Ова не е Москва“ и „Оставка“ и носеа транспаренти: „Гаспром ги спонзорира руските војници“ и „Варвари, Путин е убиец“.

Бугарите ја притискаат преодната влада за независност од рускиот гас

Во исто време, вршителот на должноста премиер на Бугарија Галаб Донев за БТВ изјави дека преговорите со Гаспром се водат само за исполнување на постојниот договор за снабдување со гас за неговата земја, кој е до 31 декември.

Дали со привремената влада Бугарија ќе се врати во руската орбита?

Тој рече дека преодната влада не води разговори за нов договор со руската енергетска компанија, Донев не коментираше со кого преговара неговата земја во Москва, туку само кусо одговори дека тоа е на високо ниво. Донев беше категоричен дека преодната влада на Бугарија не прави геополитички пресврт кон Русија на тема енергетска независност.