Борел очекува Брисел да го таргетира рускиот договор за олеснување на визите

Шефот за надворешна политика на Европската унија Жозеп Борел

Шефот за надворешна политика на Европската унија Жозеп Борел изјави дека очекува дополнително заострување на мерките за казнување на Москва за нејзината неиспровоцирана инвазија врз Украина, но тој не е за целосна забрана на визите за Русите. Прашањето за ограничување на визите за Русите се засили по одлуката на Москва во февруари да започне целосна инвазија врз Украина. Сепак, Унијата досега не успеа да го постигне потребното едногласност за ова прашање, при што некои земји -- особено Германија -- не сакаат сериозно да го ограничат пристапот на сите Руси во ЕУ.

ЕУ ќе го поддржи суспендирањето на визното ослободување за Русија

„Веќе имаше делумна суспензија на визниот режим. И мислам дека ќе има уште еден чекор понатаму“, изјави Борел во интервју за РСЕ пред неформалниот собир на министрите за одбрана и надворешни работи на ЕУ во Прага на 30-31 август. „Но, не можам да ви кажам дали тоа ќе биде целосна забрана. Не би бил за тоа да не кажам дека Русите, никогаш, од која било причина не би можеле да одат во Европа. Но, останува на министрите на ЕУ да одлучат“, додаде првиот дипломат на блокот.

Талин ќе забранува влез на руски државјани со шенген визи

Земјите кои ги делат границите со Русија - балтичките земји, Полска и Финска - го предводат барањето за порестриктивни забрани за визи за руските туристи. Поради забраната за авиопревоз од ЕУ на летовите од Русија, повеќето патници ги користат копнените граници за да патуваат во други земји на ЕУ.