Министрите на Европската унија се очекува оваа недела да ja поддржат суспензијата на договорот со Москва од 2007 година, кој им обезбеди на Русите олеснување визно олеснување. Министрите на ЕУ планираат да дадат политичка поддршка за суспензијата на дводневниот состанок во Прага кој започнува на 30 август, изјавија за Фајненшл тајмс тројца претставници вклучени во разговорите. Извештајот доаѓа кога источните земји-членки на ЕУ се заканија дека еднострано ќе ги затворат своите граници за руските туристи поради неиспровоцираната инвазија на Кремљ врз Украина.
Финска ги ограничува визите за Русите
„Несоодветно е руските туристи да шетаат во нашите градови, нашите пристаништа“, изјави висок претставник на ЕУ вклучен во разговорите. „Мораме да испратиме сигнал до руското население дека оваа војна не е прифатлива. Делови од договорот за визниот олеснување од 2007 година со Москва поврзани со слободното движење на владините и деловните службеници беа суспендирани набргу по инвазијата во февруари. Апликантите од Русија ќе треба да достават дополнителни документи, што би ги поскапило визите и значително ќе го продолжи чекањето, се вели во извештајот.
Германија нема да одговори на повикот за укинување на руските туристички визи
Сепак еврокомесарот Жозеп Борел вчера дека не верува оти целосната забрана на руските визи ќе ја има едногласноста што е потребна за ваков потег на ЕУ. „Не мислам дека тоа ќе помогне да се прекинат односите со руското цивилно население и не мислам дека оваа идеја ќе го има потребното едногласност“, изјави Борел за австриската телевизија.