Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Белград успеал во договорот со Приштина да извлече најдобро можно, наведувајќи дека тој дел од договорот е устен. По заедничката вежба на припадниците на полицијата и војската Вучиќ изјави дека договорот со кој Србија укинува издавање на излезно- влезни документи за луѓето кои имаат косовска лична карта, а Косово не воведува за оние кои имаат српски лични карти е устен, заштоа што пишаниот договор е потпишан во 2011 година.
„Поради таа одлука, на никој не му е тешко, на сите им е лесно, “ изјави Вучуќ.
Владата на Косово најави дека од први септември ќе ја спроведе одлуката за пререгистрација на возилата со српски таблици РКС - република Косово, како и одлуката за издавање на излезно - влезни документи на граница.
Претходно обидот за спроведување на таа одлука, наиде на блокади од локалните Срби во северниот дел на Косово.
Борел: Постигнат договор меѓу Србија и Косово за личните документи
Изминатава недела Вучиќ и Курти разговараа со комесарот на ЕУ за надворешна политики и безбедност Жозеп Борел, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар со цел смирување на тензиите.
Тие по вчерашната објава за постигнатиот договор околу личните документи најавија дека разговорите ќе продолжат.
Претседателот на Србија вчера изјави дека „нема ништо од меѓусебното признавање“. Тој изјавил дека во неговата фиока седат седум документи за повлекување на независноста на Косово, но не прецизираше за кои држави станува збор.