Уште еден американски гигант ја напушти Русија

Американската компанија Делл Технологис е последна во низата компании кои ги затворија своите погони и канцеларии во Русија. Оваа компанија е клучен добавувач на сервери . Фирмата од почетокот на инвазијата врз Украина престана со продажба и ја следеше ситуацијата.

„Уште во февруари донесовме одлука за да не продаваме, сервисираме или поддржуваме производи во Русија, Белорусија, во регионите Донецк и Луганск во Украина покрај Крим кои се веќе под ембарго“, изјави портпаролот на фирмата Дел, Мајк Сиемиенас.

Заменик министерот за индустрија и трговија Васил Шпака изјави дека ја следат ситуацијата.

„Според нашите податоци, голем број на експерти од центарот за истражување на ДЕЛЛ за развој и поддршка во Санкт Петерсбург и Москва добија понуди за работа во кокуретна руска фирма“ изјави тој.

Стотина западни компании ја напуштија Русија во изминативе месеци по нејзината неиспровоцирана инвазија врз Украина.