Обединетите Нации се загрижени поради најавата за забрана за одржување на меѓународниот настан „Еуропрајд“ која годинава треба да се одржи во Белград. Координаторката на ОН во Србија Францоа Жакоб изјави денеска дека најавата на претседателот Александар Вучиќ дека ќе се одложи овој настан е загрижувачка. Таа во пишаната изјава наведува дека Европрајд е прилика за унапрадување ЛГБТИ заедницата и за целосна примена на антидискриминациската агенда која се содржи во Законот за забрана на дискриминација донесен во 2021 година.
Организаторите не се откажуваат од идејата овој настан да се одржи во Белград на закажаниот термин во септември.
„Европрајд е прилика да се промовираат темелите на силно и прогесивно општество засновано на социјална правичност, едноквост, солидарност, пријателство и љубов“, вели Жакоб.
Вучиќ ја откажа меѓународната ЕуроПрајд парада
Таа смета дека таквата забрана може да претставува кршење на правата на слободно собирање и движење кои се загранатирани со Уставот на Србија.
Вчера српскиот претседател Александар Вучиќ го откажа меѓународниот настан „Еуропрајд“ што требаше да се одржи во Белград од 12 до 18 септември, додека организаторите на настанот ветија дека ќе се одвива според планираното.