Најмалку 13 луѓе загинаа, а повеќе од 95 се ранети при судири што избија во Триполи, главниот град ,а Либија. Судирите настанаа меѓу две спротивставени администрации. Министерството за здравство во саботата ја соопшти бројката на загинати при што додаде дека и 64 семејства се евакуирани од зоната каде што настанаа судирите.
Порастот на тензии и немири му се заканува на релативниот мир во Либија кој што беше постигнат во изминативе две години. Оваа богата држава со нафта, завлезе во спирала од немири откако беше соборен долгогодишниот авторитател владетел Мухамед Гадафи во 2011 година.
Од службите за итна помош велат дека и натаму се обидуваат да евакурираат ранети при судирите. Од министерството за здравство велат дека и болниците во Триполи се гранатирани и дека тимовите на итната помош спечени да евакуираат цивили, а тоа е „ воен злочин“.