Притвор од 8 дена за албански државјанин поради мито на Блаце

Притвор од 8 дена му изрече Основниот суд Скопје 1 на осомничен 43 годишен маж, државјанин на Република Албанија поради основано сомнение за давање поткуп на граничен премин. Јавното обвинителство соопшти дека осомничениот пристигнал на граничниот премин „ Долно Блаце“ како заменски возач во автобус со „Сетра“ со албански регистарски таблички кој требало да транзитира низ земјава.

Во соопштение на Обвинителството е наведено дека осомничениот му дал 50 евра на полициски службеник со цел да го поткупи за да не ги провери пасошите на патниците во автобусот.

Масовна тепачка во Гостивар завршила со притвор за 15 мажи

Настанот бил снимен со камера која ја носел на полицаецот на својата униформа, а осомничениот бил веднаш приведен.

„Предлогот за определување на мерка притвор беше доставен до Основниот кривичен суд бидејќи постои реална опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон“ се вели во соопштението.

Судијата го прифатил предлогот и денеска му е изречена мерка притвор од 8 дена на осомничениот.