Русија денеска го блокираше усвојувањето на заедничка декларација на конференција на Обединетите Нации за нуклеарно разоружување. Договорот за неширење на нуклеарно оружје, кој се разгледува секои пет години од страна на 191 земја потписничка, има за цел да го спречи ширењето на нуклеарното оружје.
Нуклеарната централа во Запорожје е исклучена од енергетската мрежа
Причина за блокадата на Русија е споменувањето на нуклеарната централа Запорожје во Украина, која е од под руска контрола. Во предложениот текст на декларација пишува дека има длабока загриженост поради воените активности околу украинската нуклеарна централа Запорожје.
Австралискaта министерка за надворешни работи Пени Вонг изјави дека е длабоко разочарана што не беше постигнат договор.
„Русија го опструираше процесот одбивајќи да направи компромис околу предложениот текст кој беше прифатен од сите други земји“, кажа таа.
Рускиот претставник Игор Вишневетски рече дека предложениот текст не бил балансиран.
„Нашата делегација имаше една клучна забелешка на некои параграфи кои беше очигледно од политичка природа“, изјави тој.