Жените во Иран на кои за прв пат им е дозволено да присуствуваат на фудбалските натпревари од домашната лига по неколку децении, денеска и оддадоа почит на Сахар Кходајари, навивачка која се самозапали во знак на протест против забраната „жени да гледаат натпревари“. „Сина девојко, сина девојки “ скандираа десетина жени кои за прв пат присуствуваа на натпреварот на стадионот во Техеран Азади.
Сахран, беше именувана како „Сината девојка“ поради нејзиниот омилен тим „Естегхал“ . Оваа 29 годишна девојка се самозапали во септември 2019 година пред судската зграда откако била повикана на сослушување поради нејзниот обид да влезе на стадионот облечена како маж.
Иран со нови ограничувања за тоа како жените може да се облекуваат
Нејзината смрт предизвика бес во јавноста зголемувајќи го притисокот кон власта да им дозволи на жените да присуствуваат на фудбалски натпревари на стадион. Оттогаш на жените им е дозволено да присуствуваат на неколку натпревари но само во домашна лига.
Се уште не е познато на колку жени им е дозволено да присуствуват на натпреварот меѓу клубовите Естегхал и Мес е Керман на стадионот кој има капацитет за 100 илјади посетители. Државните медиуми јавуват дека власта им одвоила 500 седишта за жени.
Иранската морална полиција ги предупредува производителите на облека да избегнуваат „светли“ бои
На фотографијата која ја објави иранската новинска агенција се гледа жени со транспарент „ Жените заслужуваат повеќе од тоа“.
Навивачите на двата клуба изразија поддршка на жените и нивното присуство на стадионот.