Турската војска убила седум членови на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) во операција во северен Ирак, соопшти денеска Министерството за одбрана.
Турција редовно изведува воздушни напади во соседен Ирак како дел од нејзината офанзива против милитантите на ПКК со седиште таму.
„Нашите операции ќе продолжат се додека не се неутрализира последниот терорист“, се вели во објавата на Министерството на социјалната мрежа Твитер.
Курдската работничка партија започна бунт против турската држава во 1984 година и повеќе од 40.000 луѓе беа убиени во конфликтот.
Турција е загрижена поради „недоволните напори“ на Германија во борбата против тероризмот
Турција, САД и ЕУ ја посочуваат Курската работничка партија за терористичка група.