Макрон најави „нов пакт “ со Алжир

Францускиот претседател Емануел Макрон во посета на Алжир

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера повика на „нов пакт “ со Алжир и признавање на минатото, и пред да замине во поранешната француска колоција со цел подобрување на проблематичните односи.

До ова патување доаѓа по неколкумесечни тензии меѓу Франција и Алжир, држава која годинава одбележува 132 години независност по француското владение.

Тридневната посета на Макрон доаѓа во време кога европските сили се обидуваат да изнајдат решение за увоз на енегренси од Русија, вкучувајќи ги и залихите од Алжир, најголемиот африкански извозник на гас.

Најновите санкции на ЕУ сигнализираат „стратешко трпение“ спрема Путин

Макрон по средбата со претседателот на Алжир изјави дека се согласиле да отворат оваа нова страница во односите, со заедничка комисија на историчари кои ќе го испитуваат колонијалниот период и разорната осум годишна војна во која загинаа над сто илјади жители.

Макрон е првиот француски претседател кој пред медиумите изјави дека сака„ вистина и признање, инаку никогаш нема да тргнеме напред“ во врска со односите со Алжир. Тој е роден по прогласувањето независност на Алжир во 1962 година.

Денеска се очекува Макрон и неговиот алжирски колега Тебоун да потпишат заедничка декларација за обновено, конретно и амбициозно партнерство.

Тој во своето обраќање кон француската заедница во Алжир зборуваше со љубов кон таа земја.

„Многу луѓе сакаат да ја промовираат идејата дека Франција треба да го мрази Алжир, или дека Алжир треба да ја мрази Франција. Но ние се наоѓаме во период кога можеме да изградиме нов пакт“, изјави Макрон.

Тој положи венец со цвеќе на споменикот на оние „кои умреле за Франција“ на христијанско- еврејските гробишта кои биле воглавно гробишта за Европјани, за време на колонијализмот.