Преговори со ЕУ и решен деценискиот црковен спор се дел од работие со кои министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција реферираше за сработеното во двегодишниот мандат.
Османи изјави дека кога станал министер имал неколку приоритет, и тоа добрососедски односи, добри односи со САД, ЕУ, економска дипломатија итн. Како успех го оценува податокот дека е поништена бугарската Декларација која беше пречка за старт на преговори.
„Успеавме во последен миг да ја извлечеме државата од балканскиот вртлог“, рече Османи.
Ѓорѓиев: Периодот на 19 и 20 век ќе бидат најтешки за историската комисија
Тој вели дека разбира оти за францускиот предлог мислењата се поделени, но смета дека времето ќе покаже дека донеле добра одлука. За Грција вели дека односите се продлабочени, отворени се два нови гранични премини, и Грција е земја поддржувач на Македонија.
Османи наведе дека со Србија и Албанија односите се унапредени со „Отворен Балкан“, решен е спорот со црквата, а имаше и чествување на Илинден во манастирот Прохор Пчински. Со Косово се склучени многу билатерални договори. Oсмани дека и во однос на војната во Украина имавме усогласени ставови со ЕУ.