Долниот дом на чешкиот парламент ги одобри барањата на Финска и Шведска за влез во НАТО. На гласањето рано наутро на 27 август, Домот на пратеници гласаше речиси едногласно да ги поддржи апликациите, што ќе го сочинуваат најзначајното проширување на трансатлантската алијанса во последните години.
Претходно одоберението на апликациите помина во чешкиот Сенат.
Претседателот Милош Земан сигнализираше дека ќе го потпише проширувањето, што ќе ја направи Чешка 24-та членка на НАТО што ќе го одобри проширувањето.
Претставници на Турција, Финска и Шведска на разговори за турските безбедносни грижи
Сите 30 членови мора да го сторат тоа пред да продолжат апликациите.
Финска и Шведска беа воено неутрални и не беа заинтересирани за членство во НАТО со децении, но беа поттикнати да го сторат тоа по неиспровоцираната масивна инвазија на Русија на Украина во февруари.