Движењето на мигрантите и бегалците ќе биде следено со дронови кои ги постави бугарската полиција долж границата со цел справување со нелегалното преминување на границата. Претставникот на бугарското МВР Станимир Станев вели дека веќе неколку дена со дроновите се покрива цела територија на границата.
„Од една страна го контролираме протокот на бегалци, од друга – контрола на сопствените вработени, кои се лоцирани покрај самата линија“, изјави Станев.
Бугарија најавува решителен одговор за мигрантскиот притисок врз државата
Според неговите проценки во изминативе 24 часа МВР успеало со новиот метод да спречи нелегален влез на илјада луѓе. Тој додава дека во истиот термин само 25 мигранти успеале нелегално да ја премината земјата, и тоа воглавно од Авганистан и Сирија. Во однос на прашањата поврани со корумпираност на полицајците на граничните премини, Станев посочи дека истрагата е во тек.
Тој информира и дека наскоро ќе бидат извезени и податоците од инспекциите и дека станува збор за луѓе кои работат на ниско и средно ниво во системот.