Американската фармацевтската компанија „Модерна“ објави дека ги тужи „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ за прекршување на патент во развојот на првата вакцина против ковид-19, јавува Би-Би-Си.
Компанијата тврди дека технологијата mRNA што ја развила пред пандемијата била копирана. Тужбата, со која бара финансиска отштета, била поднесена во САД и Германија.
Од компанијата „Pfizer“ велат дека сè уште не добиле правна документација за ова прашање и не можат да го коментираат случајот во моментов.
Модерна во соопштението рече дека „Фајзер/Бионтек“ копирале два вида на нејзината интелектуална сопственост.
Фајзер развива две-во-една вакцина што ги таргетира омикрон и поранешните видови
Една од нив вклучува структура на mRNA за која Модерна вели дека нејзините научници почнале да ја развиваат во 2010 година и за прв пат ја потврдиле при испитувања врз луѓе во 2015 година.
Друго наводно прекршување вклучува кодирање на протеини од надворешната страна на вирусот.
„Ги поднесуваме овие тужби за да ја заштитиме иновативната технолошка платформа mRNA во која сме пионери и во којашто инвестиравме милијарди долари во создавање и патентирање во текот на изминатава деценија“, рече извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел.