Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека новите правила за реципроцитет на Косово нема да стапат на сила на 1 септември, доколку Србија се откаже од граничните контроли. „Подготвен сум да му подадам рака на (српскиот претседател Александар) Вучиќ Доколку Србија се согласи да се откаже од граничните контроли во иднина, тогаш и ние ќе го сториме истото. А потоа од 1 септември нема да има нови правила“, изјави Курти за денешниот германски весник Ди Велт.
Ескобар: Убеден сум дека Србите на северот на Косово нема да видат никаква промена на први септември
Тој исто така рече дека, како резултат на честите воени маневри на војската на Србија, заедно со онаа на Русија, потребно е зголемување на бројот на силите на НАТО во Косово. Курти вели дека околу Косово има 48 српски бази, така што поголемото присуство на НАТО во земјата ќе ја зголеми нејзината безбедност. Косовскиот премиер напоменува дека неговата влада го зголемила буџетот за одбрана за 52 отсто и Безбедносните сили на Косово сега бројат 5.000 војници и 3.000 резервисти. Меѓутоа, вели Курти, „поради заканите од Србија и Русија, итно е потребно значително зголемување на бројот на војници на НАТО во Косово“, со што „видно би се подобрила безбедноста“ на земјата.