Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека белоруските воени авиони СУ-24 биле опремени за да носат нуклеарно вооружување. Лукашенко рече дека тој потег претходно го договорил со рускиот претседател Владимир Путин. Воздухопловните сили на Белорусија во почетокот на месецов одржаа вежби на нејзина територија и во една воена база во Русија, Според белоруското Министерство за одбрана, вежбите вклучувале боева муниција.
Белорускиот авторитарен владетел Александар Лукашенко отворено ја поддржа тековната неиспровоцирана инвазија на Русија врз Украина, која беше започната кон крајот на февруари. Иако белоруските трупи не учествуваа во инвазијата, белоруските власти и дозволија на руската војска да ја користи територијата на земјата за да влезе во Украина и да гранатира украински градови. Белорусија нема сопствено нуклеарно оружје.