Официјални лица од Турција, Финска и Шведска се очекува денеска да се сретнат на непозната локација во Финска за да разговараат за безбедносните грижи што Турција ги покрена како предуслов за да им се дозволи на двете нордиски земји да се приклучат на воената алијанса на НАТО. Финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто претходно рече дека првиот состанок меѓу официјалните претставници ќе има за цел да воспостави контакти и да постави цели за соработка за кои трите земји се согласија со потпишување меморандум за разбирање на самитот на НАТО во Мадрид на крајот на јуни.
Бајден ги потпиша документите за членство на Шведска и Финска во НАТО
Двете нордиски земји поднесоа барање за членство во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина, но беа соочени со противење од Турција која ги обвини за воведување ембарго за оружје на Анкара и за поддршка на групи кои ги смета за терористи. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу побара од Шведска и Финска да ги екстрадираат осомничените кои Турција ги бара поради обвиненија поврзани со тероризам, додека нордиските земји тврдат дека не се согласиле на никакви конкретни екстрадиции со потпишувањето на меморандумот.