Руските сили ја обновија својата офанзива во источниот украински регион Доњецк, соопшти денеска украинската војска. Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека Русите ги фокусирале своите напади врз правците Бахмут и Авдиивка, но оти тоа било безуспешно.
Путин со декрет нареди зголемување на бројот на војници за 137 илјади
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера рече дека за малку била избегната катастрофа со нуклеарно зрачење откако руското гранатирање во областа предизвикало неколкучасовен прекин на електричната енергија во Запорожје, најголемата европска нуклеарна централа. Руското бомбардирање предизвика пожари во блиската електрана на јаглен што ја исклучи нуклеарката од електричната мрежа, рече Зеленски, но резервните дизел генератори го обезбедија снабдувањето со електрична енергија од витално значење за системите за ладење. Русија ја отфрли одговорноста.
Нуклеарната централа во Запорожје повторно има струја
Зеленски ги пофали украинските техничари кои управуваат со нуклеарката која е под контрола на руската војска од почетокот на војната. Таа има шест советски дизајнирани реактори, но само два останаа во функција поради борбите.