Американската сенаторка Марсија Блекбурн денеска се сретна со тајванската претседателка Цаи Инг-Вен за време на втората посета на американски сенатори на островот по посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, која ги зголеми тензиите во регионот. Кина беше револтирана од посетата на Пелоси и започна воени вежби, бидејќи средбите со претставници на тајванските власти ги смета за провокација. Кина го смета Тајван за дел од својата територија.
САД и Тајван ќе започнат официјални трговски разговори
Во своето обраќање Цаи ги оцени кинеските воени вежби, како и руската инвазија врз Украина, како предизвици за демократските влади како САД и Тајван. „Ваквите настани покажуваат како авторитарните земји го нарушуваат и го загрозуваат светскиот поредок“, рече таа. Блекбурн, републиканка од американската сојузна држава Тенеси, рече дека „се радува што ќе продолжи да го поддржува Тајван додека таа земја се движи напред како независна нација“.