Обраќање на Мицотакис во грчкиот парламентот за скандалот со прислушувањето

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој се соочува со избори следната година, денеска ќе има обраќање во парламентот во врска со скандалот за тамошната разузнавачка служба која го прислушувала мобилниот телефон на опозициски политичар. Тој претходно во август рече дека не знаел дека операцијата траела три месеци. Скандалот со прислушувањето доведе до оставки на шефот на Националната разузнавачка служба Панајотис Контолеон и на генералниот секретар на кабинетот на премиерот Григорис Димитриадис. Националната разузнавачка служба, позната по својот акроним EYP, му одговара директно на кабинетот на премиерот, промената што ја направи Мицотакис по победата на изборите во 2019 година.

Мицотакис вели дека не знаел за прислушкувањето на политичкиот противник

Мицотакис рече дека мобилните телефони на Никос Андрулакис, кој во тоа време се кандидираше за раководството на социјалистичката опозициска партија ПАСОК, биле ставени под „правен надзор“ од септември 2021 година, но оти прислушувањето било прекинато „автоматски“ неколку дена откако Андролакис победи во трката за лидерство на партијата. Не е јасно зошто опозицискиот политичар бил цел на прислушување. Андрулакис поднел жалба до обвинителите во Врховниот суд на Грција на 26 јули, велејќи дека имало обид да се прислушува неговиот мобилен телефон со тип на шпионски софтвер наречен „Предатор“.

Европскиот парламент вклучен во истрагата за шпионирањето грчки пратеник

Опозицискиот политичар, кој е и пратеник во Европскиот парламент, рече дека дознал за обидот за прислушување на „Предатор“ откако неколку дена претходно бил информиран од службата за сајбер безбедност на Европскиот парламент. Вчера во Атина се одржаа демонстрации со барање Мицотакис да поднесе оставка.