„Потребно е да се локализира изворот на проблемот што државата го има со Бугарија, а тоа е Договорот за добрососедство, потпишан во 2017 година, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување на централниот дневник на Сител телевизија. „Од тој договор практично потекнуваат сите проблеми, бидејќи ние и тогаш реагиравме како политичка партија и како луѓе дека е избрзан и дека тој договор практично не е решение“, изјави Мицоски, кој во врска со референдумот информираше дека има можни три опции и во тек се консултации со коалициите.
Мицкоски бара уставните измени да влезат во Собранието по одморите
„Една од опциите за референдум е со 44 пратеници од пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Втората опција е да се соберат 150.000 граѓански потписи или да се вклучат двете опции заедно. Ќе одиме на Седница на извршен комитет, повеќе време ќе се посвети во консултации со експерти околу дефинирање на референдумското прашање, а потоа ќе се одбере една опција“, додаде тој наведувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи промената на Уставот, со цел вклучување на дел од бугарскиот народ во Преамбулата. Веднаш реагираа од СДСМ, наведувајќи дека Мицкоски, како што се наведува, нема ниту план, ниту концепт, ниту знае каде тера. „Откако му пропаднаа сите лаги и се потврди дека нема ниту бугаризација ниту асимилација, Мицкоски со месеци зборува за референдум само за да си ја сочува партиската фотелја во ВМРО-ДПМНЕ“, оценува СДСМ.